Средба на министерот Мисајловски со словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш
- На средбата, како што соопшти Министерството за одбрана, се разговарало за досегашната одбранбена билатерална соработка со Словачка и иницијативите за нејзино интензивирање, зајакнување и унапредување во повеќе области со една цел за стабилност и безбедност на регионот и пошироко.

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска остварил средба со амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш.
На средбата, како што соопшти Министерството за одбрана, се разговарало за досегашната одбранбена соработка со Словачка и иницијативите за нејзино интензивирање, зајакнување и унапредување во повеќе области со цел стабилност и безбедност на регионот и пошироко.
Министерот Мисајловски изразил благодарност за континуираната силната поддршка на Словачка на патот кон целосна евроатланската интеграција на нашата земја. дма/бак/
Фото: Министерството за одбрана