• понеделник, 23 декември 2024

Средба на министерот Мисајловски со командантот на националната гарда на Вермонт, Грегори Најт

Средба на министерот Мисајловски со командантот на националната гарда на Вермонт, Грегори Најт

Скопје, 16 август 2024 (МИА) - Во пресрет на одбележувањето на Денот на македонската Армијата, денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски остварил средба со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал мајот Грегори Најт кој е во посета на нашата земја.

За време на средбата, како што соопшти Министерство за одбрана, се разговарало за досегашното партнерство и соработка помеѓу македонската Армија и Националната гарда на Вермонт која трае повеќе од 30 години и за нејзино интензивирање во иднина.

-Обуките, заедничките вежбовни активности, размената на питомци меѓу двете академии се показател за одличната соработка, која е значајна за натамошен развој на припадниците на Армијата и на Националната гарда на Вермонт кои покрај тоа што разменуваат искуства и стекнуваат нови знаења, градат силни врски, се наведува во соопштението.

Во рамки на денешната посета, министерот Мисајловски и генералот Најт го посетиле Сајбер оперативен центар и Сајбер тренинг платформата во рамки на Армијата чија цел е да обезбеди соодветна сајбер одбрана. дма/нд/

Фото: Министерство за одбрана

 

Остани поврзан