• сабота, 23 ноември 2024

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Турција, Фатих Улусој

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Турција, Фатих Улусој

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Попладнево во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски
остварил средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој и со одбранбеното аташе полковник Реџаи Јилмаз.

Како што соопштија од МО, на средбата било потенцирано дека билатералната одбранбена соработка е на високо ниво и дека нема сомнеж дека истата ќе продолжи со ист интензитет.

- Министерот Мисајловски нагласи дека Турција е наш значаен партнер, сојузник во НАТО Алијансата и поддржувач уште од осамостојувањето на нашата држава. Земја која сите овие изминати години дава огромен придонес во процесот за модернизација на Армијата. Голем број припадници од Армијата и вработени од Министерството за одбрана имале можност да се едуцираат и обучуваат во Турција, во воениот колеџ, во воената медицинска академија, во НАТО центарот за извонредност, како и да учествуваат на голем број заеднички вежби, се наведува во соопштението.

Мисајловски искажал огромна благодарност до Турција и до нејзините граѓани, која веднаш се вклучи со испраќање помош за справувањето со пожарите кои ја зафатија нашата земја.

- Така постапуваат вистински пријатели, истакнал министерот Мисајловски на денешната средба. цр/вд

Фото: МО

Остани поврзан