• понеделник, 23 декември 2024

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорката на Република Хрватска, Тигањ

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорката на Република Хрватска, Тигањ

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Споделуваме заеднички демократски вредности и принципи, владеење на правото, слобода, безбедност и како земји сојузнички активно придонесуваме во регионалните иницијативи со цел зацврстување на регионалната безбедност и стабилност, заклучиле министерот Владо Мисајловски и амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ на денешната средба во Министерството за одбрана, на која присуствувало и одбранбеното аташе полковник Стјепан Домјанчиќ.

Како што соопштија од МО, министерот Мисајловски упатил благодарност за континуираната поддршка од страна на Хрватска на патот кон нашето членство во Европската Унија, за досегашната успешна соработка со хрватската амбасада и за придонесот на Хрватска со тим и воздухоплов за гаснење на пожарите кои ја зафатија нашата земја.

На средбата амбасадорката Тигањ потенцирала дека Хрватска останува на ставот дека треба да бидеме дел од европското семејство и дека имаме континуирана поддршка за нашата евроинтеграција.

- Одбранбената соработка меѓу двете земји е одлична и континуирано се унапредува. Соработката на полето на военото образование се реализира преку упатување на припадници на македонската Армија на школувања, обуки и стручни оспособувања во воено-образовните центри во Република Хрватска и со учество на експерти на полето на односи со јавност во обуките кои ги спроведува Регионалниот центар за односи со јавност, се додава во соопштението од МО. цр/ац/

Фото: МО

Остани поврзан