• среда, 27 ноември 2024

Средба на лидерот на ДУИ Ахмети со амбасадорот на Косово, Флоријан Ќехаја 

Средба на лидерот на ДУИ Ахмети со амбасадорот на Косово, Флоријан Ќехаја 

Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - Во седиштето на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Тетово, денеска партискиот лидер Али Ахмети остварил работна средба со амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја, на која разговарале за политичките случувања во земјата и регионот, евроинтеграциите, Охридскиот договор и билатералните односи меѓу Скопје и Приштина. 

- Ахмети истакна дека одлуката на Уставниот суд е во функција на дневната политика на Владата со моноетнички легитимитет и е во екот на одлуките кои ги оптоваруваат меѓуетничките односи и го прекршуваат Охридскиот договор, гарантиран од Европската Унија и Соединетите Американски Држави, се наведува во соопштението од ДУИ.

Тој изразил загриженост и за, како што стои, оддалечувањето на земјата од евроинтеграциите и од европските вредности и партнерство во САД. 

Ахмети го уверил косовскиот амбасадор дека ДУИ ќе продолжи да биде целосно ангажирана за интегрирање на земјата во Европската унија и да инсистира на забрзување на процесот и спроведувањето на нашите обврски како држава, особено на уставните измени. 

На средбата се разговарало за потребата од спроведување на заедничка гранична контрола со Косово, процес кој е веќе завршен административно, со цел да се избегнат долгите редици на границата и да се олесни движењето на луѓе и стоки. 

Исто така, првите два километри од автопатот од Косово до Скопје се целосно завршени и треба да бидат пуштени во употреба, а следните 10 километри, соопшти ДУИ, да не се попречуваат и да се избере изведувачот на работите без политички одложувања. 

- Али Ахмети подвлече дека големото албанско-српско помирување мора да се постигне преку признавање на независноста на Република Косово и тоа ќе овозможи стабилен, безбеден, мирен регион со европска перспектива, соопшти ДУИ. цр/са/

Фото: ДУИ

 

Остани поврзан