• среда, 27 ноември 2024

Средба на заменик-министерот за внатрешни работи Исени со албанскиот амбасадор Мејдани

Средба на заменик-министерот за внатрешни работи Исени со албанскиот амбасадор Мејдани

Скопје, 7 август 2024 (МИА) - Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска имаше работна средба со амбасадорот на Република Албанија во земјава, Денион Мејдани.

На средбата, како што соопшти МВР, се разговараше за унапредување и продлабочување на билатералната и оперативна меѓународна соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Албанија, изразена, меѓу другото преку заложбите за подобрување и развивање на регионалната соработка, подобрувањето на меѓународните билатерални односи и продлабочување на прекуграничната соработка. мч/дма/

фото: МВР

Остани поврзан