• петок, 22 ноември 2024

Средба на заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени со Жан Пол Диспанс, полициско аташе на Франција

Средба на заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени со Жан Пол Диспанс, полициско аташе на Франција

Скопје, 22 август 2024 (МИА) - Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска оствари работна средба со Жан Пол Диспанс, аташе за внатрешни работи на Француската Република во Скопје, информира МВР.

Исени ја потенцирал одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Француска Република која, како што рекол, се одвива во духот на традиционално добрите пријателски односи меѓу двете земји.

-Во рамки на билатералната соработка, Исени разговараше и за интензивирање на обуките што ги нуди оваа амбасада, за можностите за нивна реализација во рамките на ЕУ, како и посебен фокус беше ставен на реализација на заеднички проекти во борбата против криминалот, трговијата со луѓе и борбата против корупцијата, се вели во соопштението од МВР. 

Соговорниците разговарале за можноста за изучување на францускиот јазик за вработените во Министерството за внатрешни работи што ќе влијае брз понатамошно продлабочување на соработката. Франција е важна земја на меѓународно и европско ниво, наш партнер и взаемната соработка е многу значајна за нашата земја. Присутните се согласиле дека заедничката соработка, со посредство на Амбасадата на Француската Република во Скопје, е на исклучително високо ниво, со тенденција за развивање на истата и во иднина. сст/ир/

 

 

 

 

Остани поврзан