• вторник, 24 декември 2024

Средба на директорот на Агенцијата за странски инвестиици со јапонскиот амбасадор - интерес на компании од Јапонија за инвестирање

Средба на директорот на Агенцијата за странски инвестиици со јапонскиот амбасадор  - интерес на компании од Јапонија за инвестирање
Скопје, 16 март 2021 (МИА) - Неколку јапонски компании заинтересирани за инвестирање во државава. Ова било истакнато на денешната средба на директорот на Агенцијата за странски инвестиици со јапонскиот амбасадор Хиронори Савада. На средбата со цел запознавање со можностите за инвестирање како и за донесување одлука за конкретна соработка, на амбасадорот му биле презентирани инвестициските и извозните потенцијали на земјава. -Во наредниот период следуваат активности за унапредување на трговската соработка, за што има голем потенцијал, главно за извоз на македонски производи на јапонскиот пазар, но и активности  во привлекувањето на јапонски компании да инвестираат во нашата земја, се наведува во соопштението испратено од Агенцијата за странски инвестиции.свс/скс/

Остани поврзан