• вторник, 24 декември 2024

Средба на градоначалничката Арсовска со австрискиот новоименувам амбасадор Памер

Средба на градоначалничката Арсовска со австрискиот новоименувам амбасадор Памер

Скопје, 25 септември 2023 (МИА) - Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Австрија во земјава Мартин Памер, на која акцент бил ставен на изборот на Град Скопје за престижната титула „Европска престолнина на културата за 2028 година“ и на богатата програма под слоганот „Култура над поделба“ преку која Скопје ќе соработува со градовите и земјите од Европската Унија.

Како што информираат од прес-слу\бата на Град Скопје, градоначалничката Арсовска нагласила дека титулата на Скопје за „Европска престолнина на културата“ е високо признание за секој град, затоа што културата зазема важно место во развојот на градовите и претставува двигател на урбаниот, социјалниот и економскиот развој. 

Во насока на интензивирање на соработката меѓу Градот Скопје и Виена, амбасадорот Памер ги истакнал потенцијалните можности на полето на културата и културната размена, а е разговарано и за проектите од областа на урбаното живеење и цивилната заштита, кои ќе бидат дел од следните активности меѓу Скопје и Виена.фф/лв/

Фото: Град Скопје

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан