Средба на градоначалникут Ќура со директорот на ТАВ Македонија Курт
- Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура денеска го прими генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт. На средбата, како што соопшти општнската прес-служба се разговарало за заедничките предизвици и можности поврзани со регионалниот развој.
Струга, 25 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура денеска го прими генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт.
На средбата, како што соопшти општнската прес-служба, се разговарало за заедничките предизвици и можности поврзани со регионалниот развој.
- На средбата беше потенцирана стратешката важност на Аеродромот Охрид, точка од клучно значење не само за локалниот развој, туку и за националната економија. Се разговараше за потребата од поголема интеграција и поблиска соработка меѓу општините од регионот и аеродромите, со цел создавање нови економски, туристички и инфраструктурни можности, стои во информацијата на Општина Струга.
Директорот на ТАВ Македонија, Курт, како што е наведено, најавил нови инвестиции за проширување на капацитетите на аеродромот, нови авионски линии, кои ќе имаат позитивно влијание врз развојот на Охрид, Струга и целиот регион. сс/вј/
Фото: МИА