• петок, 26 јули 2024

Средба на градоначалникот Шилегов со градоначалникот на Подгорица, Вуковиќ

Средба на градоначалникот Шилегов со градоначалникот на Подгорица, Вуковиќ
Скопје, 24 септември 2021 (МИА) - Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска се сретна со градоначалникот на Подгорица, Црна Гора, Иван Вуковиќ, кој престојува во дводневна посета на Скопје. На средбата, како што соопштија од Град Скопје, двајцата градоначалници ја потврдиле одличната соработка што ја негуваат Скопје и Подгорица и нагласиле дека локалните самоуправи треба да бидат целосно посветени на граѓанските вредности со што ќе дадат придонес за развој на градовите, но и на регионите. Шилегов и Вуковиќ размениле позитивни искуства за одржливиот урбан транспорт, инфраструктурните решенија и подигнувањето на комуналната хигиена, а дискутирале и за можностите за забрзан економски развој на Скопје и на Подгорица. - На состанокот се зборуваше и за продлабочување на соработка меѓу двата града, пред се во областа на образованието, спортот и културата, стои во соопштението. Скопје и Подгорица се збратимени од 2008 година и негуваат плодна соработка во повеќе области. цр/хс/

Остани поврзан