Средба на градоначалникот Пецаков со словачкиот амбасадор Маркуш
- Продолжување на манифестацијата „По патеките на Светите Кирил и Методиј“ било во фокусот на денешната средба во Охрид, на градоначалникот Кирил Пецаков со амбасадорот на Словачка во Македониј

Охрид, 6 октомври 2022 (МИА) - Продолжување на манифестацијата „По патеките на Светите Кирил и Методиј“ било во фокусот на денешната средба во Охрид, на градоначалникот Кирил Пецаков со амбасадорот на Словачка во Македонија, Хенрик Маркуш.
На средбата, како што соопшти општинската прес-служба присуствувал Стојан Лекоски, иницијатор на проектот, кој ја презентирал програмата на манифестацијата за следната година.
- Програмата содржи изложби, концерти, промоции..., а се очекува во наредниот период да бидат прецизирани сите детали за учеството на Општина Охрид во манифестацијата, стои во информацијата.
Манифестацијата „По патеките на Светите Кирил и Методиј“ беше во прекин поради Ковид кризата. сс/ев/