• понеделник, 23 декември 2024

Средба на градоначалникот на Тетово, Касами и францускиот амбасадор Ле Риголер 

Средба на градоначалникот на Тетово, Касами и францускиот амбасадор Ле Риголер 

Скопје, 30 септември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами денеска остварил средба со новиот амбасадор на Република Франција во Северна Македонија, Кристоф Ле Риголер, на која биле разгледани повеќе теми кои ја опфаќаат актуелната состојба и политичките случувања во државава, како и прашања поврзани со соработката меѓу општината и Француската амбасада.

- Една од клучните теми што се дискутираше беше значењето на изучувањето на францускиот јазик во основните училишта во општина Тетово. Францускиот јазик е приоритет во образованието на децата од Тетово веќе долг период, а двете страни се согласија за потребата од продолжување на оваа богата културна традиција. Амбасадорот Кристоф Ле Риголер ја изрази својата подготвеност да ги поддржи напорите на општината за унапредување на наставата по француски јазик, нагласувајќи ја важноста не само за образованието, туку и за културниот и меѓународниот развој на градот, соопштија од Општина Тетово.

Градоначалникот Касами ги истакнал позитивните искуства од досегашната соработка со Амбасадата на Франција, високо оценувајќи ја континуираната поддршка и изразувајќи интерес за понатамошно продлабочување на соработката во различни области. цр/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан