• сабота, 23 ноември 2024

Средба на градоначалникот Марин со министерот Хоџа

Средба на градоначалникот Марин со министерот Хоџа
Скопје, 28 мај 2021 (МИА) - Конкретни чекори во форма на акциски план што ќе следуваат во наредниот период биле  договорени на денешната средба на градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа. Притоа, како што соопштуваат од општинската прес-служба, беше презентирана работната верзија на стратегијата за рурален развој на Долно Лисиче како составен дел на Стратегиската платформа за локален економски развој на Општина Аеродром, кој опфаќа основање подрачна единица на ресорното Министерство во Долно Лисиче. - Во тој контекст ќе се иницира и поддршка на акциони групи (ЛАГ-ови) согласно со Законот за земјоделство и рурален развој. Министерот ја истакна желбата за заемна соработка и најави целосна посветеност за реализацијата на предложената стратегија за рурален развој на Долно Лисиче со преземање директни активности, се наведува во соопштението на Општина Аеродром. Градоначалникот Марин се заблагодарил за поддршката и посочи дека подрачната единица е од огромно значење за жителите на Горно и Долно Лисиче кои се занимаваат со овие дејности. - Со оваа подрачна единица ќе се доближи ресорното Министерство со цел подобрување на условите за работа на тамошното население, се вели во соопштението.фф/скс/

Остани поврзан