Средба на Гаши со потпретседателот на ТИКА
- Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска оствари средба со Махмут Чевик, потпретседател на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА.
Скопје, 20 декември 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска оствари средба со Махмут Чевик, потпретседател на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши изразил благодарност за широкиот спектар на активности спроведени во земјава од страна на ТИКА, која долги години е ангажирана во земјава и има реализирано над 1000 проекти во различни полиња.
Претседателот на Собранието ја поздравил досегашната соработка со Турција во повеќе области на безбедноста, изразувајќи подготвеност за зајакнување.
Потпретседателот на ТИКА нагласил дека Северна Македонија е многу значајна земја за Турција и затоа го поддржуваат развојот на сите општествени сегменти, вложувајќи во одржливи проекти.
На средбата биле разменети мислења за можноста за реализација на идни проекти на ТИКА во земјава, кои ќе придонесат за зајакнување на билатералните односи меѓу двете држави. Соговорниците изразиле надеж дека и во иднина ќе продолжи успешната соработка меѓу ТИКА и Република Северна Македонија. фф/бак/
Фото: Собрание