• сабота, 23 ноември 2024

Средба на високи претставници на САД и Кина во Вашингтон

Средба на високи претставници на САД и Кина во Вашингтон

Вашингтон, 29 септември 2023 (МИА) - Американскиот помошник државен секретар за Источна Азија и Пацифик Даниел Критенбринк се сретна со кинескиот заменик-министер за надворешни работи Сун Веидонг во Вашингтон, објави Стејт департментот.

Како што се наведува, двајцата разговарале за регионални прашања, вклучувајќи ги Бурма, Северна Кореја и поморските прашања, при што Критенбринк ја истакнал важноста за одржување на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец.

Американскиот помошник државен секретар исто така ја истакна важноста на слободен, отворен и просперитетен индо-пацифички регион.

Во соопштението на американското Министерство за надворешни работи се додава дека разговорот бил искрен, детален и конструктивен.

Средбата уследи по неодамнешниот состанок на државниот секретар Ентони Блинкен и кинескиот потпретседател Хан Женг во Њујорк. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан