• понеделник, 16 декември 2024

Средба на Бајден со полскиот врв за демонстрација на подршка за Украина

Средба на Бајден со полскиот врв за демонстрација на подршка за Украина

Вашингтон, 12 март 2024 (МИА) Претседателот на САД Џо Бајден денеска во Белата куќа ги прима претседателот на Полска Анджеј Дуда и премиерот Доналд Туск.

Целта на средбата е да се демонстрира солидарност со Украина во нејзиниот отпор против руската агресија и да се разгледаат начините за зголемување на финансирањето на НАТО во услови на постоечката закана од страна на Москва.

-Лидерите ќе ја потврдат својата непоколеблива подршка за заштита на Украина од жестоката грабителска војна на Русија, изјавија од Белата куќа.

Во изјавата се истакнува дека учесниците на средбата ќе ги координираат своите дејства во пресрет на годишниот самит на НАТО што се одржува од 9 до 11 јули во Вашингтон.

Средбата на Бајден со полскиот врв се прави на 25 годишнината од зачленувањето на Полска во НАТО.

Како што истакна претставник на Белата куќа, учесниците ќе разговараат за „продлабочувањето на нашите односи во областа на одбрната кои станаа уште потесни за последните две години по инвазијата на Русија во Украина“. кб/

Остани поврзан