• сабота, 23 ноември 2024

Средба на Алијанса за Албанците со Социјалистичката партија на Албанија

Средба на Алијанса за Албанците со Социјалистичката партија на Албанија
Скопје, 25 октомври 2022 
Делегација на Алијансата за Албанците, составена од претседателот (в.д.) Арбен Таравари, пратениците Артина Ќазими, Сирија Рашиди и Абдула Салиу, како и градоначалникот на општина Врапчиште Исен Шабани, во Собранието на Албанија беа примени во официјална средба од страна на координаторот на пратеничката група на Социјалистичката партија на Албанија, г-дин Таулант Бала и други пратеници на оваа партија.
На средбата беа изложени позициите на АА за актуелните процеси и заедничките предизвици.
Г-дин Балај високо ја оцени улогата на Алијансата за Албанците во интегративниот процес на земјата и регионот. На оваа средба, координаторот на СП истакна дека Собранието на Албанија официјално побарало од Парламентарното собрание на Советот на Европа да ја разгледа Резолуцијата 1782 (2011), со која ги прогласи за неосновани тврдењата за илегална трговија со човечки органи во Албанија и/или во Косово, во поглед на случувањата што се случија во текот на оваа деценија, фактите, доказите и ажурираните информации, како и од аспект на посветеноста, подготвеноста и целосната соработка на Албанија во служба на вистината и воспоставување на правдата .
„Бараме од Северна Македонија и нејзината делегација во НССЕ да го поддржат овој демарш во корист на разјаснувањето на вистината против клеветите и невистините во извештајот што ја инспирираше таа Резолуција во 2011 година. Албанија ја изразува својата цврста волја да и помогне на правдата и да ги поддржи сите напори насочени кон откривање на вистината. Ја цениме и улогата на Алијансата во поддршката на законодавството кое Северна Македонија мора да го усвои на патот кон членство во Европската Унија“, изјави Таулант Бала.
Претседателот Арбен Таравари рече дека нашиот субјект, заедно со пратениците, ќе направи се за да обезбеди што поголема поддршка за оваа иницијатива во Собранието на Северна Македонија. Алијансата за Албанците е првиот субјект од РСМ кој директно се обврза на оваа иницијатива иницирана од Албанското Собрание.
По средбата Таравари и Бала одржаа прес-конференција на која ги кажаа деталите од средбата и ги коментираа актуелните случувања.
Алијанса за Албанците
_______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан