Средба Муцунски-Агелер: Потврдено стратешкото партнерство, во фокусот на разговорите и стабилноста на Западен Балкан
- -На средбата го потврдивме силното и стратешко партнерство меѓу нашите две земји, со фокус на зајакнување на демократските вредности, економскиот раст и регионалната безбедност. Партнерство за кое сведочат и билатералните посети на високо ниво, реализирани во изминатиот период, објави Муцунски на официјалната Фејсбук страница.

Скопје, 27 февруари 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна политика Тимчо Муцунски денеска остварил средба со американската амбасадорка Анџела Агелер, на којашто било потврдено стратешкото партнерство меѓу двете земји.
-На средбата го потврдивме силното и стратешко партнерство меѓу нашите две земји, со фокус на зајакнување на демократските вредности, економскиот раст и регионалната безбедност. Партнерство за кое сведочат и билатералните посети на високо ниво, реализирани во изминатиот период, објави Муцунски на официјалната Фејсбук страница.
Истовремено, додава Муцунски, ја истакнале важноста од поттикнување на економската соработка, привлекување инвестиции и поддршка на иницијативи за унапредување на трговијата и претприемништвото.
-Во фокусот на разговорите беа и безбедносните предизвици, при што ја потврдивме посветеноста на заедничките демократски вредности и стабилноста на Западен Балкан. Заеднички изразивме определба за продолжување на соработката во унапредување на заедничките цели и продлабочување на односите меѓу двете земји, наведува министерот Муцунски. нд/ац/