• понеделник, 16 декември 2024

Средба Муртезани- Прескер, реафирмирани блиските билатерални врски

Средба Муртезани- Прескер, реафирмирани блиските билатерални врски

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер. На средбата беа реафирмирани блиските билатерални врски, како и цврстото партнерство во контекст на развојната соработка и европската интеграција.

Како што информираат од Министерството за европски прашања министерот Муртезани посебно ја нагласил важноста на инвестициите во инфраструктурни проекти поддржани од словенечки развојни фондови.

Тој истакнал дека овие проекти претставуваат значајни чекори за подобрување на локалната инфраструктура и дека поддршката и инвестициите во овие области ќе имаат долготрен позитивен ефект, создавајќи подобри услови и поттикнувајќи економски раст.

- Муртезани изрази благодарност за континуираната искрена поддршка од Словенија, како пријателска земја и наш верен сојузник во реализацијата на стратешките цели на Северна Македонија, потенцирајќи ја нејзината принципиелна посветеност на проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан. Тие разговараа и за модалитетите на пренесување на словенечкото искуство и знаење во процесот на пристапување кон Унијата, се вели во соопштението од Министеството за европски прашања. сст/дма/

 

Остани поврзан