• сабота, 23 ноември 2024

Средба Муртезани - Дрекслер: Демократијата и владеењето на правото од суштинско значење за државата

Средба Муртезани - Дрекслер: Демократијата и владеењето на правото од суштинско значење за државата

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Министерот  за европски прашања Орхан Муртезани денеска во просториите на Министерството, се сретнал со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Петра Дрекслер на која се осврнале на билатералните односи и севкупната и континуирана германска поддшка за земјава.

На средбата, како што соопштија од Министерството, се разговарало за темите поврзани со европските интеграции на земјата, билатералните односи меѓу двете земји, спроведувањето на Планот за раст и реформската агенда кои се важни за поттикнување на реформите и економскиот развој во земјата, а чија цел е забрзување на социо-економската конвергенција на регионот во Европската Унија.

-Министерот Муртезани на состанокот изрази уверување дека континуираната германска поддршка на нашиот европски пат, демократијата, владеењето на правото, доброто владеење, економскиот развој, животната средина и ублажувањето на климатските промени се од суштинско значење за нашата држава. На состанокот соговорниците се осврнаа и на соработката во рамките на Твининг проектите финансирани од ЕУ, за што потенцираа дека успешно се реализирани 11 Твининг проекти во различни области и тоа во делот на полициските реформи, статистиката, приближувањето на политиката на конкуренција, јавните набавки, земјоделството, борбата против корупцијата, подобрувањето на условите за вработување, истражни центри во МВР, се наведува во соопштението.

На крајот на средбата министерот Муртезани изразил искрена благодарност за севкупната политичка, економска и проектна помош дадена од Германија за Република Северна Македонија, стои во соопштението. вг/цр

Фото: Министерство за европски прашања

Остани поврзан