• сабота, 16 ноември 2024

Средба Митрески - Хаџиев: Регионалната и меѓународната соработка е клучна за развој на секоја држава

Средба Митрески - Хаџиев: Регионалната и меѓународната соработка е клучна за развој на секоја држава

Скопје, 5 март 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска оствари средба со Асаф Хаџиев, генерален секретар на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), на маргините на 62-та седница на Комисијата за социјална и хуманитарна политика на ПАБСЕК.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Митрески на средбата ги истакнал приортиетите и целите на нашата држава во контекст на регионалната соработка и ја потенцирал нашата подготвеност да придонесе и во иднина за унапредување на соработката во ПАБСЕК.

Претседателот го информирал Хаџиев и за предизвиците што стојат во нашиот процес на интегрирање во Европската унија.

На средбата, како што посочуваат од собраниската прес-служба, двајцата соговорници ја нагласиле важноста на членството на Северна Македонија во оваа организација, како дополнителен придонес во унапредувањето на парламентарниот дијалог и соработката во рамките на регионот.

Хаџиев потенцирал дека високо го цени членството на Северна Македонија во ПАБСЕК, како организација која претставува мост за соработка меѓу членките.

На крајот на средбата, генералниот секретар го поканил Митрески да го посети седиштето на ПАБСЕК во Истанбул.фф/лв/

Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Остани поврзан