• сабота, 23 ноември 2024

Средба Меџити-Миљаниќ: Градење партнерство и пат кон европска интеграција

Средба Меџити-Миљаниќ: Градење партнерство и пат кон европска интеграција

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска го прими амбасадорот на Црна Гора Зоран Миљаниќ, со кој разговараа за можностите за економски развој преку соработка меѓу Северна Македонија и Црна Гора, информираат од МЖСПП.

Амбасадорот Миљаниќ ја оценил оваа средба како одлична можност да се истакне важноста на односите и да се зајакне соработката меѓу двете држави.

-Тие разговараа за можностите за економски развој преку соработка меѓу Северна Македонија и Црна Гора. Беше нагласена потребата од идентификување заеднички проекти што ќе ги промовираат инвестициите и ќе придонесат за одржлив раст на економиите на двете држави. Меџити и Миљаниќ се сложија дека секторите туризам, енергетика и земјоделството нудат голем потенцијал за соработка, велат од Министерството.

Оттаму додаваат дека друга важна заедничка точка во разговорите бил патот кон членство во Европската Унија. Двете земји. било речено, се посветени на исполнувањето на  потребните критериуми и унапредување на реформските процеси, при што заемната соработка ќе биде клучна за постигнување на оваа заедничка цел.

Вицепремирот Меџити ја потврдил својата и посветеноста на институциите за зајакнување на односите со Црна Гора и за заедничка работа кон успешна иднина во Европа. сст/нд/

фото МЖСПП

 

 

 

Остани поврзан