• вторник, 24 декември 2024

Средба Маричиќ – Ѓонај во Тирана: Делиме заедничка визија за развиен регион

Средба Маричиќ – Ѓонај во Тирана: Делиме заедничка визија за развиен регион
Скопје, 9 јули 2021 (МИА) - Министерот за правда Бојан Маричиќ во Тирана оствари работна средба со албанската министерка за правда Етилда Ѓонај, на која, како што информираат присуствувал и заменик-министерот за правда Агим Нухиу, а се разговарало за продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на правдата. Дополнително, се вели во соопштението, на средбата се дискутираше и за европските интеграции на двете земји, имајќи предвид дека Северна Македонија и Албанија се во иста позиција кога станува збор за европскиот пат. -И покрај тоа што двете земји се разочарани од неносењето одлука за почеток на преговорите со ЕУ, постои надеж дека за време на словенечкото претседателство работите ќе се променат и дека конечно ќе почнат преговорите. Во меѓувреме ние мораме да ја развиваме регионалната и билатералната соработка. Постои простор за дополнително продлабочување на односите во секторите со кои раководиме, односно правдата, порача Маричиќ, се вели во соопштението. Маричиќ, ја покани својата албанска колешка во возвратна посета на Скопје. За време на престојот во Тирана Маричиќ оствари средба и со македонскиот пратеник во албанскиот Парламент Васил Стерјовски, а предвидено е во текот на денот да го посети и Македонскиот културен центар во Тирана. аа/ац/

Остани поврзан