Средба Маричиќ - Брнз: САД остануваат силен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија
- Американската поддршка во процесот на европската интеграција на нашата земја, важноста и неопходноста од напредокот на Западен Балкан во процесот на евроинтеграциите, се дел од темите на кои

Скопје, 21 јануари 2022 (МИА) - Американската поддршка во процесот на европската интеграција на нашата земја, важноста и неопходноста од напредокот на Западен Балкан во процесот на евроинтеграциите, се дел од темите на кои е разговарано на денешната средба на заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ со амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мери Брнз.
Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот Маричиќ изразил уверување дека реформите остануваат во фокусот, но дека истовремено е потребен јасен и извесен исход за европската иднина на регионот.
