Средба Лога - Ивановска: Соработка и активности во борба против корупцијата
- Министерот за правда Кренар Лога на денешната средба со претседателката на ДКСК Билјана Ивановска и нејзината заменичка Катица Николовска, разговараа за соработката и активностите кои се преземаат во делот на реализација на мерките и активностите во борбата против корупцијата, како и за потребата од зајакнување на механизмите за нејзино спречување и намалување, известуваат од Министерството за правда.
Скопје, 3 април 2023 (МИА) - Министерот за правда Кренар Лога на денешната средба со претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска и нејзината заменичка Катица Николовска, разговараа за соработката и активностите кои се преземаат во делот на реализација на мерките и активностите во борбата против корупцијата, како и за потребата од зајакнување на механизмите за нејзино спречување и намалување, известуваат од Министерството за правда.
- Констатирана беше неопходноста од воведување на законски и контролни механизми за надзор и утврдување на одговорност кај релевантните чинители особено во рамки на правосудството. На состанокот беа разменети ставови и по однос на зајакнување на улогата и проширување на надлежностите на ДКСК и потребите за зајакнување на финансиската независност и состојбата со човечките ресурси на комисијата, соопштуваат од Министерството.
Министерот Лога потенцираше дека во претстојниот период ќе се разгледаат можностите за воведување на законски обврски за доставување на анкетни листови на повеќе категории кои не се опфатени со постоечката законска легислатива. ир/сп/
Фото: Министерство за правда