• среда, 27 ноември 2024

Средба Кан - Мадуро: Меѓународниот кривичен суд отвора канцеларија во Венецуела за да истражува можни злосторства

Средба Кан - Мадуро: Меѓународниот кривичен суд отвора канцеларија во Венецуела за да истражува можни злосторства

Каракас, 10 јуни 2023 (МИА) - Меѓународниот кривичен суд (МКС) отвора канцеларија во Венецуела, изјави вчера обвинителот Карим Кан, по состанокот со венецуелскиот претседател Николас Мадуро. 

МКС ќе истражува во Венецуела можни злосторства против човештвото.

МКС се надева на „поблиска соработка“ со Венецуела и ќе помогне во спроведувањето на судските реформи, гарантирајќи „повеќе правда“ во јужноамериканската земја, рече Кан.

-Сигурен сум дека оваа канцеларија ќе додаде позитивни практики (...) Тоа секако ќе има многу корисен ефект, рече претседателот Мадуро.

Двајцата соговорници не дадоа повеќе детали за операцијата на МКС и бројот на персоналот што ќе го има канцеларијата.

Кан претходно најави дека канцеларијата на МКС во главниот град на Венецуела, Каракас, ќе биде отворена во март 2022 година, откако МКС во ноември 2021 година објави прелиминарна истрага за можни злосторства против човештвото, наводно, извршени од официјални лица во владата на Мадуро од 2017 година.

Мадуро потоа рече дека ја почитува одлуката, но дека не се согласува со неа.

Тим истражители на Обединетите нации соопштија дека правосудниот систем на Венецуела продолжил да ги крши човековите права како дел од државната политика за задушување на отпорот кон Мадуро. сд/

 фото: Твитер на Карим Кан

Остани поврзан