• петок, 15 ноември 2024

Средба во Киев на Зеленски со Абазовиќ и Рама, преку видео-врска се приклучи и Ковачевски

Средба во Киев на Зеленски со Абазовиќ и Рама, преку видео-врска се приклучи и Ковачевски
Киев, 15 јуни 2022 (МИА) - Претседателот на Украина Володимир Зеленски во Киев се сретна со премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Дритан Абазовиќ, а на средбата преку видео врска се приклучи и премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски. Зеленски на Телеграм објави дека Албанија, Северна Македонија и Црна Гора го поддржуваат кандидатскиот статус на Украина за членство во Европската унија. - Нашите земји не се конкуренти на европскиот пат. Тие се надополнуваат и ги зајакнуваат меѓусебните способности, истакна Зеленски и им се заблагодари на Рама и Абазовиќ за посетата. - Денеска имавме многу успешен ден во Киев, особено средбата со претседателот на Украина, а потоа и со премиерот и градоначалникот на Киев Кличко. Можам да кажам дека нашата работа и должност ја завршивме на најдобар можен начин. Дојдовме овде да го кажеме ставот на Црна Гора, тоа им значи многу, многу повеќе отколку што мислиме, без разлика што нашите капацитети не се преголеми, изјави Абазовиќ за новинарите во Киев. Тој посочи и дека пристапот на Црна Гора, Албанија и Северна Македонија е нешто ново. - Целосно се солидаризиравме со нив, покажавме дека немаме никаква доза на политичка себичност во однос на прашањето за нивната кандидатура за членство во ЕУ, секако навиваме за нив. Сметаме дека тие ги бранат вредностите на ЕУ и мислиме дека тие ја бранат Европа од она што може да биде негативен пробив и дека тоа е нешто што е корисно и за нив и за нас и за членките на ЕУ. Мислам дека таа порака беше јасно пренесена, рече премиерот на Црна Гора. ссм/

Остани поврзан