Средба во Вашингтон на Бајден со кинескиот министер за надворешни работи
- Бајден истакна дека „и САД и Кина мора одговорно да управуваат со конкуренцијата што постои во нивните односи и да одржуваат отворени линии на комуникација“, се наведува во соопштението.

Вашингтон, 27 октомври 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Вашингтон, соопшти Белата куќа.
Бајден истакна дека „и САД и Кина мора одговорно да управуваат со конкуренцијата што постои во нивните односи и да одржуваат отворени линии на комуникација“, се наведува во соопштението.
Се додава дека американскиот претседател истакнал дека Вашингтон и Пекинг мора да работат заедно за да ги решат глобалните предизвици. зш/