• сабота, 23 ноември 2024

Средба Бесими-Милер: Ветерни и фотонапонски електрани и други енергетски проекти се приоритети за идна соработка со КвФ

Средба Бесими-Милер: Ветерни и фотонапонски електрани и други енергетски проекти се приоритети за идна соработка со КвФ

Скопје, 23 август 2023 ( МИА) -  Министерот за финансии, Фатмир Бесими оствари средба со директорот на Секторот за Југоисточна Европа и Турција во КвФ банка, Клаус Милер, на која, како што информираат од МФ, било разговарано за тековното портфолио на проекти, како и идната соработка со банката. 

Како што известува Министерството за финансии, станува збор за програма за наводнување на РС Македонија во вредност од 80 милиони евра, ревитализација на хидроелектрани во вредност од 25 милиони евра, потоа, втора фаза од Ветерниот парк во Богданци, со 18 милиони евра поддршка од КфВ банка, спроведување топлификација на Битола со 39 милиони евра, енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во износ од 20 милиони евра и други.

-Поддршката која ја добиваме од КФВ банка за нас е од големо значење, а во моментов особено е значајна поддршката во секторот енергетика, која очекуваме да продолжи со уште поголемо темпо во иднина, истакна министерот Бесими.

Од КФВ банка, се вели во соопштението од МФ, изразиле интерес за идна соработка, претежно во делот на енергетиката и одржливи извори на енергија. љм/аа/

Фото: Министерство за финансии

 



 



Остани поврзан