• сабота, 09 ноември 2024

Средба Ахмети со албанскиот амбасадор: Албанците се потценуваат, потребна е платформа за легитимитет 

Средба Ахмети со албанскиот амбасадор: Албанците се потценуваат, потребна е платформа за легитимитет 

Скопје, 31 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во Тетово го прими новиот амбасадор на Република Албанија во Северна Македонија Денион Мејдани.

- Ахмети му честиташе на амбасадорот Мејдани за новата должност и го увери дека братските односи меѓу него и претставниците на Албанија во земјава ќе продолжат како и секогаш. Тој го информираше амбасадорот Мејдани за актуелната политичка состојба во земјата и за последиците што може да ги донесе одлуката за суспендирање и непочитување на волјата на албанскиот народ изразена на демократски избори на 8 мај, известуваат од ДУИ.

Охридскиот договор, велат од ДУИ, го кршат и денешните вазали кои секојдневно ги понижуваат Албанците и се повеќе војводата ни врти грб и ги уништува достигнувањата во однос на еднаквоста во државата.

Од партијата на Ахмети посочуваат дека лидерот на интегративците го информирал амбасадорот Мејдани за ангажманот на Пол Вилијамс и неговиот тим експерти за дизајнирање на платформата на легитимитет и недозволување да се гази волјата на Албанците.

- Се разговараше и за Коридорот 8 и беше договорено дека тој е најважниот историски инфраструктурен проект меѓу двете земји и ќе продолжи да се гради. Сувото пристаниште во Струга, заедничката контрола на границата, изградбата на пругата Кичево – Драч, Коридорот 8, мора да продолжат и навремено да се реализираат, соопштуваат од ДУИ. ир/ац/

Фото: ДУИ

Остани поврзан