Андоновски - Варнс: Стратешкиот дијалог е основа за соработка меѓу двете држави
- Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска имаше средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, на која ја потврдиле силната и стратешка соработка меѓу двете земји.
Скопје, 20 февруари 2026 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска имаше средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, на која ја потврдиле силната и стратешка соработка меѓу двете земји.

Како што информира Андоновски на социјалните мрежи, на средбата изразил благодарност за континуираната поддршка од САД во процесите на модернизација на институциите и јакнењето на сајбер-безбедноста.
- Нашиот стратешки дијалог е основа за соработка во смисла на јакнењето на економскиот, трговскиот и стратешкиот потенцијал за соработка помеѓу нашите две држави. Сајбер-безбедноста и дигитализацијата се еден од темелите на овој дијалог. Продолжуваме да градиме партнерства што носат конкретни резултати за граѓаните и за развојот на државата - напиша Андоновски. фф/са/
Фото: Фејсбук на Стефан Андоновски