• сабота, 23 ноември 2024

Средбата меѓу Путин и Ердоган заврши по тричасовни разговори, разгледани сите клучни прашања

Средбата меѓу Путин и Ердоган заврши по тричасовни разговори, разгледани сите клучни прашања

Сочи, 4 септември 2023 (МИА) - По тричасовни разговори заврши средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Ердоган во Сочи.

Според Путин, средбата била конструктивна и деловна, а се разговарало за сите клучни прашања.

Рускиот претседател рече дека двете земји ја зголемуваат употребата на националните валути на сметка на доларот и еврото во меѓусебните плаќања, додавајќи дека до септември оваа година Русија и доставила на Турција повеќе од 10 милијарди кубни метри гас, а на „Газпром“ му е презентиран патоказ за изградба на гасен центар од Анкара, пренесуваат странските агенции.

Двајцата лидери разговарале и за војната во Украина и за договорот за жито во Црното Море. Според Путин, Русија е принудена да се повлече од договорот. Тој смета дека цените на житото паѓаат и нема недостиг на храна во светот.

Рускиот претседател увери дека Москва ќе биде подготвена да се врати на спроведувањето на договорот за жито откако ќе бидат исполнети сите обврски од него. Тој рече дека Русија е блиску до договор за бесплатно снабдување со жито во Африка, кој би можел да започне во рок од две до три недели, пренесуваат агенциите. паг/

Фото: ЕПА


  

 

Остани поврзан