• вторник, 24 декември 2024

Авиосообраќајот ќе се одвива регуларно за време на состанокот на ОБСЕ во Скопје, не се очекуваат доцнења

Авиосообраќајот ќе се одвива регуларно за време на состанокот на ОБСЕ во Скопје, не се очекуваат доцнења

Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) -  Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје, за време на одржувањето на 30. Министерски Совет на ОБСЕ во Скопје, денеска, утре (30 ноември) и задутре (1-ви декември), ќе се одвива регуларно, информираат од ТАВ Македонија. И од Македонска навигација М-НАВ, националниот давател на услуги за воздухопловна навигација, не очекуваат доцнења на редовните авиолинии или дополнително најавените за министерскиот состанок на ОБСЕ. 

Авиокомпанијата Изиџет (еasyJet) од 1 ноември влегува на македонскиот авијациски пазар со авиолинија од Женева до Скопје, три пати неделно, секој понеделник, четврток и петок.  Од ТАВ Македон

Од ТАВ апелираат патниците да ги следат насоките и известувањата на Министерството за внатрешни работи во врска со сообраќајниот режим низ градот за да стигнат навреме на аеродромот.

-ТАВ Македонија известува дека авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје во следните неколку дена - 29-ти ноември, 30-ти ноември и 1-ви декември, за време на одржувањето на 30-тиот Министерски Совет на ОБСЕ во Скопје, ќе се одвива регуларно, но притоа апелира до патниците да ги следат насоките и известувањата на Министерството за внатрешни работи во врска со сообраќајниот режим низ градот Скопје, со цел да бидат во можност да пристигнат на своите летови, односно на аеродромот навреме, велат од ТАВ Македонија. 

Преку 11 милиони евра инвестираме во модернизација на навигацискиот систем во М-НАВ, се со цел да овозможиме поефикасно работење на Контролата на летање и за поефикасен авиосообраќај во земја

Од М-НАВ, пак, во изјава за МИА истакнуваа дека, согласно објавените капацитети и расположливиот човечки потенцијал, не очекуваат никакви доцнења на редовните авиолинии или дополнително најавените летови поврзани со Министерскиот состанок на ОБСЕ.   

-Сите воздухоплови ќе бидат опслужени на ефикасен и безбеден начин согласно потребите, најавуваат од М-НАВ. лв/ев/

Фото: МИА

Остани поврзан