Сребрен медал за македонските кошаркари на ЕП Б-дивизија У-20
- Македонската кошаркарска репрезентација го освои второто место на Европското првенство во Скопје за играчи до 20 години Б-дивизија.
![Сребрен медал за македонските кошаркари на ЕП Б-дивизија У-20](https://mia.mk/index.php/images/20230717075914_big_730x400_91.webp )
Скопје, 17 јули 2023 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација го освои второто место на Европското првенство во Скопје за играчи до 20 години Б-дивизија.
Избраниците на селекторот Никола Василев синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ загубија од Чешка со 85:72.
И покрај поразот во финалето, црвено-жолтите изборија пласман во А-дивизијата следната сезона.
Во мечот за третото месо Украина ја победи Шведска со 83:61. зс/