• вторник, 24 декември 2024

Сребрен медал за Георгиевски на Европското првенство во таеквондо

Сребрен медал за Георгиевски на Европското првенство во таеквондо
Сараево, 11 декември 2020 (МИА) – Македонскиот репрезентативец Дејан Георгиевски постигна голем успех на Европското сениорско првенство во таеквондо, освојувајќи го сребрениот медал. Георгиевски во финалната борба загуби со 19:18 од поранешниот светски првак, иранецот Махди Кобадабакаши, кој на Европското првенство во Сараево настапи под знамето на Србија. На патот до финалето, Георгиевски ги совлада Андреј Гарбар од Украина (11:4), Динко Шегедин од БиХ (12:7) и Рос Даниел од Шпанија со 11:4. ег/аа/

Остани поврзан