• понеделник, 23 декември 2024

Србија ја совлада Хрватска и го одбрани олимпското злато во ватерполо

Србија ја совлада Хрватска и го одбрани олимпското злато во ватерполо

 

Париз, 11 август 2024 (МИА) – Србија ја одбрани олимписката титула во ватерполо во машка конкуренција откако денеска во финалето на Игрите во Париз ја совлада Хрватска со 13-11 (5-2, 3-3, 3-3, 2-3).

Милош Чук со три голови ја предводеше Србија до триумфот, додека Јерко Мариниќ Крагиќ беше најефикасен во составот на Хрватска со три голови.

Ова е трето последователно злато за српските ватерполисти на Олимписките игри, по Рио де Жанеиро во 2016 година и Токио во 2021 година.

Претходено денеска во натпреварот за бронзениот медал САД ја совладаа Унгарија. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан