• вторник, 14 јануари 2025

Србија/Истражување: Околу 85 отсто од студентите ги поддржуваат блокадите и барањата

Србија/Истражување: Околу 85 отсто од студентите ги поддржуваат блокадите и барањата

Белград, 13 јануари 2025 (МИА) -  Околу 85 отсто од студентите, вклучително и оние кои лично не учествуваат во блокадите од различни причини, ги поддржуваат студентските блокади и барања, покажува истражувањето на социолозите од Филозофскиот факултет во Белград, во кое учествуваа околу 2.000 студенти од пет државни универзитети, пренесе Бета.

Студентите кои се активни за време на протестите се уште пообединети, бидејќи девет од десет учесници (92 отсто) „се согласуваат и со барањата и со блокадата на факултетите“.

Речиси две третини (63,5 проценти) од анкетираните студенти изјавиле дека се „прилично“ или „многу заинтересирани“ за политичкиот живот во Србија, што е очигледно и од фактот дека речиси четири петтини (78 проценти) од нив гласале во изборите во декември 2023 и јуни 2024 година.

„Од друга страна, интересно е што само 2,5 отсто од нив учествувале во работа на политичка партија или политичка организација“.

Огромното мнозинство студенти (90 проценти) се чувствуваат добро и исполнето затоа што учествуваат во блокади и протести, а четири петтини (80 проценти) од учесниците чувствуваат чувство на припадност на (студентска) група токму поради протестите и активностите во кои учествуваат.

Речиси две третини (65 проценти) од родителите на анкетираните ученици експлицитно го поддржуваат учеството на нивното дете во протестите, додека многу мал процент од нив изразуваат противење (3,8 проценти), покажа истражувањето. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан