• понеделник, 23 декември 2024

Србинот Петковиќ нов тренер на ракометарите на Загреб

Србинот Петковиќ нов тренер на ракометарите на Загреб


Загреб, 6 ноември 2024 (МИА) – Хрватскиот ракометен првак Загреб го назначи денеска за нов тренер 68-годишниот српски стратег Велимир Петковиќ.
Искусниот Петковиќ ќе седне на клупата на хрватскиот шампион на местото на Андрија Николиќ, кој поднесе оставка минатата недела по убедливиот пораз од Магдебург (24-36) во Лигата на шампиони.
Загреб по воведните осум кола во групата Б во Лигата на шампиони е последнопласиран на табелата со една победа и шест порази.
„Сега ни претстои вистинска работа и докажување, бидејќи свесен сум дека очекувањата се големи. Загреб за мене отсекогаш бил европски гигант, без разлика на кое место на табелата се наоѓа“, изјави на промоцијата Петковиќ, кој зад себе има 20-годишен тренерски стаж во Бундеслигата, беше селектор на Русија, а освои четири ЕХФ Куп титули, од кои првата со бањалучки Борац во 1991 година. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан