• понеделник, 18 ноември 2024

СП2022: Буфон повтори дека навива за Камерун

СП2022: Буфон повтори дека навива за Камерун

Рим, 21 ноември 2022 (МИА) – Голманот на Парма и поранешен италијански репрезентативец Џанлуиџи Буфон повтори дека на Светското првенство во Катар ќе навива за Камерун, пренесе „Раи Радио Уно“.

Буфон (45) со Италија го освои Мундијалот 2006, а Азурите не се квалификуваа за СП во Катар, откако не настапија ниту на претходниот турнир пред четири години во Русија.

-Камерун секогаш беше мојата втора екипа. Во срцето ми се од СП 1982 во Шпанија, бидејќи Камерун тогаш не загуби ниту еден натпревар, но не успеа да се пласира во втората фаза. Во Италија 1990 како луд навивав за нив. Имаа фудбалери како Томас Н’коно поради кого и одлучив да станам голман, рече Буфон.

Камерун на Мундијалот во Катар е во група со Бразил, Србија и Швајцарија. ег/

Остани поврзан