• понеделник, 29 јули 2024

СП нордиски дисциплини: Јада 86-те, Дамјановски без пласман на крос-кантри 15 км

СП нордиски дисциплини: Јада 86-те, Дамјановски без пласман на крос-кантри 15 км

Планица, 1 март 2023 (МИА) - Македонски нордијци Ставре Јада и Дарко Дамјановски попладнево земаа учество на индивидуалната трка на 15 километри слободно во крос-кантри на Светското првенство во нордиски спортови кое се одржува во Планица, Словенија.

Јада трката ја заврши на 86. место од 94 натпреварувачки кои ја завршија трката со време од 39:53,4 минути, односно повеќе од седум ипол минути заостанување зад победникот.

Другиот македонски репрезентативец, Дамјановски не ја заврши трката.

Инаку, на трката доминираа Норвежаните кои ги освоија првите четири места.

Златото му припадна на Симен Хегстад Кругер со време 32:17,4 минути. Второ место и сребрен медал освои Харалд Осберг Амундсен со засоатнување 5,3 секунди, додека трет беше Ханс Кристер Холунд со заостанување од 24,6 секунди зад победникот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан