СПЦ упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, чекор кон Томос од Вселенската патријаршија
- Српскиот патријарх Порфириј вчера по сослужувањето на заедничка литургија со aрхиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан во Соборниот храм во Скопје, ја одобри и упати благослов за авто






Одлуката на СПЦ, наведува натаму Пендаровски, ќе придонесе за исправање на историските неправди и отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската архиепископија.
– Верувам дека целиот процес на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архепископија ќе заврши со скоро потпишување на Томосот од вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј, што ќе придонесе за исполнување на еден од нашите национални интереси и за напредок и помирување во македонското општество, наведува во пораката претседателот Пендаровски.
Премиерот Димитар Ковачевски од Рим испрати честитка по повод прифаќањето на автокефалноста на МПЦ-ОА, од страна на Српската православна црква.




- Нашата црква мора да е обединета, нашиот Синод, свештеството, исто како што мора да биде обединет и нашиот народ, и тогаш сите искушенија, бури и премрежја ќе бидат премостливи. Да продолжиме да чекориме обединето. Честитки за мудроста, обединетоста и достојноста на Синодот и неговото блаженство г. г. Стефан, за градењето на мостови, за бранењето на нашиот идентитет и вредности во кои веруваме, за премостените децениски и вековни јазови, објави Мицкоски.



