• сабота, 23 ноември 2024

Спречен обид за нелегално изнесување девизи, запленети 27 000 евра

Спречен обид за нелегално изнесување девизи, запленети 27 000 евра

Скопје, 20 јули 2023 (МИА) - Царинската управа соопшти дека на граничниот премин „Богородица“ е спречен обид за нелегално изнесување девизи, при што се запленети 27 000 евра.

-На 18.07.2023 година околу 20:00 часот на излез од државата на граничниот премин Богородица се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски таблици, управувано од српски државјанин. При извршена контрола од страна на царинските службеници во лична ташна на патникот пронајдени се 47 илјади евра за кои не поседувал соодветен документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење, на патникот и неговата сопруга - сопатник во возилото, вратени им се по 10 илјади евра (износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата), а останатите 27 илјади евра привремено се задржани, наведува Управата.

Согласно законот за девизно работење и Царинскиот закон поднесено е барање за поведување прекршочна постапка. мч/са/

фото: Царинска управа

Остани поврзан