„Спотифај“ со нови поволности за корисниците кои не плаќаат
- Според познавачите, ова е уште еден обид „да се привлечат“ нови претплатници на „Премиум“ планот. Како?
Лос Анџелес, 17 септември 2025 (МИА) - Стрим-платформата „Спотифај“ (Spotify) објави дека корисниците кои не плаќаат, сега ќе можат да ја слушаат која било песна - со избирање песна од плејлиста или со пребарување.
Според познавачите, ова е уште еден обид „да се привлечат“ нови претплатници на „Премиум“ (Premium) планот. Како? - Сè уште не е познато, но може да се претпоставува.
Познавачи велат дека и другите начини на тн. „Бесплатен план“ за придобивање претплатници - сè уште се присутни, што опфаќа почести рекламии сл. Тие исто така имаат ограничен број прескокнувања на песни и стрим-музика со звук со понизок квалитет. си/ми/
Фото: МИА архива.