• петок, 22 ноември 2024

Спортскиот туризам во Дубаи - од искачување карпи, до нуркање и велосипедизам

Спортскиот туризам во Дубаи - од искачување карпи, до нуркање и велосипедизам
Дубаи, 1 ноември 2022 (МИА) - Спортскиот туризам во градот Дубаи е конципиран да го привлече секој посетител на градот. Има сѐ - од искачување карпи и авантуристичко планинарење до нуркање, фудбал... Посетителите може да го истражуваат и „Дип дајв Дубаи“, најдлабокиот базен во светот. Тој нуди незаборавен подводен град достапен за нуркачи - и почетници. Професионален тим нуркачи нуди и часови за нуркање. Има и тури за бедуинската култура, дините и прекрасните пустински зајдисонца, коишто нудат разгледување на пустината со искусен водич. https://www.youtube.com/watch?v=x49WOGAC6V4 За оние што ја одржуваат својата форма, може да се изнајми и велосипед за велосипедската патека долга 86 километри... Ова особено се препорачува при зајдисонце. Автодромот Дубаи нуди различни адреналински активности за секого, од картинг до возење суперавтомобил. Следна можност се многуте водни паркови во Дубаи - совршени за топол летен ден, како и новоотворените неколку клубови на плажа. За гурманите, пак, покрај домашните јадења со потекло од Обединетите Арапски Емирати и Средниот Исток, може да се вкусат и кујните од Балканот, Индија и од сите делови на светот. Ова се само дел од понудите на „бисерот на Персискиот Залив“.  си/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан