• недела, 22 декември 2024

Спортска манифестација во Кавадарци по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Спортска манифестација во Кавадарци по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Кавадарци, 1 декември 2024 (МИА) - По повод 3 Декември - Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денеска во Кавадарци се одржа спортската манифестација „Кавадарци еднакво за сите“. 

Како што беше кажано на настанот, целта е да се подигне свеста за правата на лицата со попреченост, како и свеста за важноста и придобивките од интегрирањето на овие лица во секој сегмент од општеството. 

- Здружението на слепи лица „Гол Бал-Визија“ Кавадарци, во соработка со Општината, го организираше овој настан во кој земаа учество лица од Кавадарци, Неготино и Скопје. Спортска манифестација, што се надеваме дека ќе премине во традиционална, истакнаа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. свд/ар/

Фото:Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан