• понеделник, 23 декември 2024

Спортска арена во Париз ќе го носи името на маратонката Чептеги

Спортска арена во Париз ќе го носи името на маратонката Чептеги


Париз, 7 септември 2024 (МИА) – Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, најави дека еден од спортските објекти во француската престолнина ќе го носи името на починатата маратонка од Уганда, Ребека Чептеги, која им подлегна на повредите откако партнерот ја поли со бензин и ја запали.
„Таа нè маѓепса овде во Париз. Ја видовме нејзината сила, убавина, слобода и сè што беше неподносливо за личноста која ја уби“, рече Идалго.
Чептеги почина во четвртокот во болница во Кенија.
Според полицискиот извештај, осомничениот идентификуван како Диксон Ндиема Марангач влегол на имотот на Ребека Чептеги додека таа била во црква со своите деца.
Кога се вратиле од црквата ја полеал со бензин и ја запалил пред очите на децата, две девојчиња на возраст од 9 и 11 години
„Париз нема да ја заборави, ќе ѝ посветиме спортска арена за нејзиниот спомен и нејзината приказна да остане меѓу нас“, најави Идалго.
Чептеги маратонската трка во Париз ја заврши на 44 место. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан