• понеделник, 23 декември 2024

Спортската сала во Куманово повторно ќе стане бисер на Балканот, најави кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Тони Михајловски

Спортската сала во Куманово повторно ќе стане бисер на Балканот, најави кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Тони Михајловски
Куманово, 1 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Тони Михајловски презентираше програма која се однесува на враќање на спортот во Куманово, инвестиции во спортската сала и нејзина гасификација. Вложувањата ќе ги вратат победите и ордените, рече Михајловски. -Куманово, за жал е избришано од спортската мапа и на Балканот и на Европа и светот. Куманово коешто некогаш носеше победи, многу награди, ордени, денеска ги нема, ампутирани се боксот, борењето, ракометот, кошарката, фудбалот не е на завидно ниво. Време е да престанат тие ампутирања и време е победите да се вратат во Куманово, рече Михајловски на прес-конференција, пред спортската сала. Соколанската сала, најави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе стане спортски музеј во кој ќе се овековечат сите победи на различните спортски успеси на Куманово. Спортската сала ќе се реновира, најави Михајловски и рече дека сега е во распаѓање, а во минатото беше бисер на Балканот во која се одиграа најдобрите натпревари, музички концерти. Михајловски најави дека салата ќе се гасифицира и ги повика кумановци да го заокружат бројот 7. Ракометарот Борко Ристовски му даде поддршка на кандидатот, и рече дека со Михајловски ќе се врати спортот во градот. -Чест ми е да го поддржам кандидатот и верувам дека после изборите Куманово ќе има сосоем нов спортски лик. Ќе го вратиме Куманово на мапата на спортот, кој е заборавен скоро. Куманово заслужува едно убаво спортско здание кое Тони го вети, кумановци да се вратат во салите, базените, Куманово да живее за спортот, рече Ристовски. Михајловски ги покани кумановци во недела да присуствуваат на митингот на градскиот плоштад и да ги слушнат идеите и програмата која ја нуди ВМРО ДПМНЕ за овие избори.ам/бт/

Остани поврзан