• сабота, 23 ноември 2024

Списанието „Емитер“ нуди упатство како да се користи апликацијата ZOOM за што подобра онлајн-настава

Списанието „Емитер“ нуди упатство како да се користи апликацијата ZOOM за што подобра онлајн-настава
Скопје, 26 март 2020 (МИА) - Списанието „Емитер“ дава свој прилог за подобра онлајн-настава со опширен напис и упатство за инсталација и користење на бесплатната апликација ZOOM. Од списанието велат дека со користењето на оваа апликација образовниот процес ќе биде поинтерактивен и поквалитетен. -Кризната состојба предизвикана од коронавирусот наложи потреба за организација онлајн-настава. Но, најголем дел од училиштата и факултетите немаат ниту платформа ниту претходно искуство во организирањето овој тип настава. Секој се снаоѓа на најразлични начини – споделување содржини и материјали за учење преку веб-страниците на училиштата/факултетите, личните блогови на наставниците или преку групи на „Фејсбук“, „Вибер“ или „Скајп“. Но ова е далеку од онлајн-настава, туку повеќе станува збор за неформална и консултативна настава со минимална повратна врска од ученикот/студентот. Наведените решенија и методи се изнудени импровизации што се многу далеку од вистинските организирани системи за учење на далечина, вели главниот и одговорен уредник на „Емитер“ Слободан Таневски. Тој објаснува дека ZOOM е апликација за видеоконференции и состаноци која е достапна за Mac, Windows, Linux, iOS и Android оперативни системи и за сите уреди – десктоп, лаптоп, таблет и мобилен телефон. -Таа овозможува едноставно одржување на видео-конференција и испраќање пораки и датотеки во реално време, помеѓу различни уреди. Професионалната верзија поддржува до 1000 учесници и 49 видеа на екранот. Притоа, повеќе учесници можат да ги споделат своите екрани истовремено и да даваат коментари и прашања, со што се овозможува поинтерактивен состанок односно предавање, вели Танески. Тој информира дека апликацијата веќе ја користат многу училишта и факултети низ светот, а кај нас. -За да се надминат почетните проблеми и за да се олесни одржувањето на онлајн-наставата списанието „Емитер“ подготви напис со упатство за инсталација и употреба на оваа апликација. Написот е достапен на веб-страницата на Емитер на следнава локација https://emiter.com.mk/vesti/18792. На истата локација достапна е и PDF верзија од статијата, објаснува Таневски. Од списанието се надеваме дека оваа нивна статија ќе биде од полза за сите наставници, ученици и студенти и ќе им овозможи квалитетна онлајн-настава со која лесно ќе се совладуваат преостанатите теми од оваа учебна година.ир/скс/

Остани поврзан