Спировски нов фудбалер на Пелистер
- Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Спировски потпиша договор со битолски Пелистер и се врати во клубот во кој пред 18 години ја почна својата професионална фудбалска кариера.
Битола, 1 јули 2025 (МИА) – Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Спировски потпиша договор со битолски Пелистер и се врати во клубот во кој пред 18 години ја почна својата професионална фудбалска кариера.
„Искусниот фудбалер за врска потпиша договор со својот матичен клуб и ќе претставува големо засилување во обидот да се исполнат целите во сезоната 2025/26“, објави синоќа Пелистер.
Откако во 2009 година го напушти Пелистер, 34-годишниот Спировски настапуваше за Борац Чачак, Работнички. Вардар, а изгради и интернационална кариера со настапи во Унгарија, Израел, Ерменија и Грција.
Спировски се врати во својот матичен клуб од редовите на Струга за која настапуваше изминатата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
За македонската фудбалска репрезентација одигра 55 натпревари, а беше дел и од Европското првенство во 2021 година. ег
ФОТО: ФК Пелистер/Фејсбук